СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Понеделник во жолт топ и наметка со разигран дизајн

4 јули 2022

Добро утро!

Внесете енергија во првиот ден од неделата со комбинација која ќе ги разбуди вашите сетила. Вашите омилени удобни фармерки се одлична класична подлога со која можете бескрајно да експериментирате и никогаш да не погрешите. Искомбинирајте ги со жолта сатенска маичка на тенки прерамки, чија нијанса можете да се обидете да ја споите со модните додатоци како чантата и сандалите.

Доколку немате жолти сандали, одлучете се за земјени тонови кои беспрекорно ќе се слеат со останатиот дел од боите кои ќе ги носите. Заштитете се од сонцето со лелеава наметка чиј разигран дизајн може да ја вклучува сончевата жолта боја на маичката, како и контрастни нијанси на розова, виолетова и сина.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
4 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
509 пати