Сабота во џинс + кошула + топ
•
6 ноември 2021
Добро утро. Сабота е, се надеваме дека сте во добро расположение и здравје. Ако се размислувате како да го искористите денов, да направите некоја прошетка на отворено можеби, ние имаме предлог -стајлинг за вас.
Фармерки се секогаш добар избор, а овој пат се во комбинација со бела кошула и црн топ на прерамки. Црни чизми до глужд и мала чанта се изборот на модни додатоци.
Вие можете да направите своја верзија на стајлингот. Бојата на кошулата можете да ја смените, а секако додадете јакна.
Ви посакуваме убав ден.