Сабота во комбинезон-панталони
•
8 август 2015
Лежерни и удобни, а истовремено елегантни и женствени. Комбинезон-панталоните токму поради овие карактеристики се едно од омилените летни парчиња во женскиот гардеробер.
Затоа за избор на стајлинг за оваа недела се одлучивме токму за една варијанта со комбинезони, што во случајов ангелот на Викторија, Кендис Свонпул одлично ги искомбинирала за опуштена летна прошетка.
Комбинезоните се изработени од лесен материјал во маслинесто зелена боја, со високи странични шлицови на ногавиците и длабок V отвор на деколтето. Она што е можеби највпечатлив детаљ во целиот изглед, е тенкиот ремен што ја нагласува половината.
Комбинацијата е заокружена со масивна чанта со реси и ниски сандали што дополнително ја гарантираат удобноста на овој стајлинг.