Веројатно да нема човек што периодов не оди или не слави слава.Токму затоа ние за денеска ви подготвивме една предлог-комбинација која ќе биде совршена и за работното место, но и за некој таков повод.

Ако немате време да го менувате стајлингот, тогаш одберете нешто вакво и нема да згрешите.

Џрн фустан со долги ракави што ја следи линијата на телото е нашиот денешен предлог. Универзален и интересен поради црвената боја на долниот раб, тој е сигурен, но не и досаден избор.

Го комбинираме со црни салонки и црвен елегантен капут. Чантата и карминот се во слична нијанса со капутот.

Практично, елегантно и тренди. 

Имајте убав ден!

Објавено:
20 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
621 пати