Одело во секоја прилика...
•
13 март 2023
Оделото е практично, едноставно, но истовремено и многу моќно модно парче и ако некогаш се двоумите за впечатлив изглед, особено на работното место, облечете одело.
Освен на работа, оделото во сите негови варијатни и бои, денес може да се носи во различни прилики.
Лежерни варијанти наспроти класични, што и да одберете нема да згрешите. Она што е важно е оделото да биде добро скроено, а останатите детали се ваша креација.
Оделото може да се комбинира со различни обувки, од сандали и салонки, до патики и мокасинки.
Монохроматско, карирано, во силни нијанси или пастелни тонови, оваа класика никогаш не излегува од мода.
Фото :Pinterest