Добро утро. И оваа среда започнуваме со стајлинг на денот, за вас што одите на работа како предлог што би можеле да носите, а за останатите како инспирација за деновите што допрва ќе ни дојдат или доколку сепак имате некоја потреба да излезете.

Нашиот денешен предлог е едноставна, а секогаш впечатлива комбинација.

Се состои од фармарки со висок струк во комбинација со кошула со израз на V и нагласени ракави. Доколку одберете нешто вакво за на работа, внимавајте на деколтето.

Комбинација е заокружена со чевли со принт и чанта усогласена со чевли. Додадете дискретен накит и очила за сонце и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден :)

Објавено:
29 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
591 пати