Оваа среда ја боиме во црвени нијанси. Нашиот денешен предлог е весела и пролетна комбинација. Се одлучивме за кошула-фустан со принт со точки и црвени рози.

На ракавите и во горниот дел има карнери што го прават идеално пролетно парче. Го комбинираме со долго палто во црвена боја. 

На тоа додаваме модни додатоци - пастелно сини чевли, црвена чанта, очила за сонце и ситни бели обетчиња.

Вие додадете го доброто расположение и карминот и направете овој ден да ви биде одличен.

Имајте убав ден!

Објавено:
28 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
647 пати