Среда во кожени панталони и крем бундичка
•
23 јануари 2019
Најсреќниот ден од работната недела го дочекавме со малку облачно време, но тоа не значи дека не треба да се дотераме.
Денеска носиме кожени панталони и ги комбинираме со малку посмирени парчиња како ролка во крем нијанса и шик бундичка од еко крзно во иста боја.
Заштитете се од студот со нежно шалче, а комбинацијата надополнете ја со едноставни бели патики, црна кожена чанта и часовник како моден додаток.
Уживајте во денот!
Фото: Pinterest