Среда во тегет и црвено
•
7 февруари 2018
Нашата денешна предлог комбинација е во две нијанси - тегет и црвено. Одбравме црвено фустанче со долги ракави и широко здолниште.
Го комбинираме со кариран капут во слични нијанси, со сличен крој и ремен на половината. Изгледот го завршуваме со високи тегет чизми и чанта во веќе споменатите нијанси.
За секој случај земете си чадор, но и добро расположение и нека и оваа среда ви биде среќна!
Имајте убав ден!