Среда во топла комбинација во кафени и беж тонови
•
4 декември 2019
Добро утро. За оваа сончева, но мошне студена среда ви подготвивме предлог-комбинација во топли тонови и од топли материјали.
Кафени панталони со висок струк и ремен се искомбинирани со топол џемпер во беж нијанса, со голема ролка. На тоа додадете долг капут во слична нијанса.
Чанта во кафена нијанса и чизми со принт се супер начин да го заокружите стајлингот, но можете да направите и обратна комбинација - чантата да е со принт, чизмите да се кафени или пак доколку сакате модно да си играте, тогаш можете да одберете и други бои.
Во секој случај, бидете стоплени и добро расположени.