Стајлинг на неделата #44: машки костум во женствена варијанта
•
28 март 2014
Ема Вотсон стилски еволуираше во една од оние британски актерки кои уште во својата рана возраст го добиваат престижниот епитет: икона на стилот. За нејзиното гостување во емисијата на Дејвид Летерман, таа одбра класичен машки костум на Сен Лоран и ја покажа неговата елегантна женска страна. Совршено скроениот костум во црно-бела варијанта е надополнет со елегантни аксесоари: клач чанта и класични црни салонки, a едносвната фризура и минималната шминка комплетно ја заокружуваат оваа стилска приказна.