Стајлинг на неделата #68 кожени парчиња во мото комбинација + впечатлив ѓердан

22 септември 2014

На премирата на филмот „On the Road with Origins“ во Њујорк, манекенката Коко Роша се појави во ултра модерно издание, комбинација од црни кожени панталони од J Brand со три различни мото детали низ должината на целата ногавица, дополнето со едноставен крој на црна блуза и палто во сиво – црна комбинација, со кожени детали на ракавите. Изгледот го надополни со црни сандали, впечатлива плик чанта и масивен ѓердан за разбивање на монотонијата.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот