Добро утро. Денеска нè разбуди сонце, па се надеваме дека тоа влијаше позитивно на вашето утринско расположение.

Ние го започнуваме со стандардната рубрика - Стајлинг на денот.

Денешниот предлог е фустан на преклоп. Здолништето е широко, совршено за летни температури, додека горниот дел кој е со V-израз може да се носи и малку потспуштено, па да ги откриете рамениците, со што на стајлингот ќе му дадете и секси нота.

Дискретен накит, плетена чанта и влечки се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот, а вие можете да направите ваша комбинација.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
28 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
785 пати