Вторник во фустан на риги и ремен
•
20 јули 2021
Добро утро. Се надеваме дека и ова утро нè читате во добро здравје и расположение. Ние го започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“.
Нашиот предлог овој пат е женствен фустан на риги, кој во долниот дел е со фалти. а се закопчува како кошула. Широкиот ремен, не само што ја истакнува фигурата, туку и ја прави комбинацијата повпечатлива.
Изборот на обувки се интересни бели чевли на потпетица, а чантата е плетена.
Вие направете ваша верзија на стајлингот и останете во добро расположение.
Ви посакуваме убав ден.