Вторник во кошула на риги и капут во корално црвена нијанса

6 февруари 2018

Овој сончев вторник носиме една „street style“ комбинација. Нашиот предлог е црн џинс со висок струк. Го комбинираме со интересна кошула на широки и тесни риги, а комбинацијата меѓу нив го прави ова парче интересно и несекојдневно.

На тоа додаваме широк капут со џебови во корално црна нијанса. Кога се обувките во прашање, црни чизми до глужд на патент и црвена потпетица се нашиот избор.

Комбинацијата ја заокружуваме со црна чанта со бели детали.

Имајте убав ден!

Објавено:
6 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
856 пати