Вторник во панталони и кошула со принт
•
20 мај 2024
Овој вторник е резервиран за црни класични панталони со висок струк коишто ќе ги споиме со кошула на пуфкасти ракави со шарен принт.
На овој начин добиваме совршен контраст, а за стајлингот да биде повпечатлив додаваме ниски потпетици во магента нијанса.
Финишираме со сребрена чанта.
Имајте убав ден.
Фото: Pinterest