Никој не може да го заборави неверојатниот фустан што Елизабет Харли го носеше на премиерата на „Четири свадби и погреб“ со Хју Грант во 1994 – тата година, а истиот таа неодамна го искористи за нова фотосесија за Harper’s Bazaar.
Она што воодушеви е тоа што иконскиот фустан од Версаче ѝ прилегаше подеднакво добро како и пред 25 години, а во интервјуто за магазинот ќе каже дека тогаш не била подготвена за влијанието што истиот ќе го постигне.
„Се сеќавам дека не бев подготвена за тоа што се случуваше таа вечер откако се појавивме на црвен килим. Морав итно да најдам фустан што ќе ми прилега за да одам на премиерата со Хју, а во тоа време не се разбирав многу од мода. Се сеќавам дека отидов во една канцеларија каде буквално го довршуваа фустанот, го земав и го однесов дома. Сама се нашминкав и си направив фризура колку што можев побрзо бидејќи со Хју живеевме во еден мал стан во кој едвај имаше место за двајцата“, изјави актерката за Харперс Базар.
Како и тогаш, 53 годишната актерка фустанот го комбинираше со високи црни сандали, златни обетки и раскошна виткана коса.
Кое издание на Елизабет Харли ви се допаѓа повеќе?
Инфо и фото: Daily Mail, Harper's Bazaar