Неретко се случува познатите личности и покрај тоа што имаат стилисти, да се појават во сличен или идентичен стајлинг со некоја друга ѕвезда.

Таков е случајот и со Крис Џенер и Моника Белучи, односно и Џенифер Лопез.

Имено, неодамна Крис Џенер присуствуваше на роденденот на Дајана Рос и се појави во креација на Александар Вотје. Се работи за зелен светкав фустан, со долги ракави и ролка. Странично има шлиц и набори, а го искомбинира со розови чевли.

Од друга страна, Моника Белучи ја носеше врвената верзија претходно на еден филмски фестивал. Таа го искомбинира со црни хулахопки и чевли на платформа.

Освен нив две и Џенифер Лопез се појави во зелената верзија на фустанот, кој е еден од најпопуларните на дизајнерот меѓу познатите.

На која подобро ѝ стои?

 

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.051 пати