Дајан Китон и Моника Белучи во црни елегантни комбинации на црвен килим

23 март 2018

Во Рим вчера се одржа свеченото доделување на наградата „Давид Донатело“. Меѓу присутните беа и Дајан Китон (72) и Моника Белучи (53).

Белучи на црвениот килим се појави во елегантен ссветлуцав фустан на преклоп кој го потпишува модната куќа „Балман“. Го искомбинира со црни чевли и „Шанел“ чанта.

Со новата боб-фризура и беспрекорната линија и во шестата деценија од животот, Белучи уште еднаш успеа да го насочи вниманието кон себе и да направи сите светски медиуми повторно да пишуваат за неа.

Од друга страна, Дајан Китон на црвениот килим се појави на црно-бел капут, со широк ремен на половина, нејзината препознатлива шапла и црни на чизми до глужд на врзување. 

Инаку, актерката беше наградена, а на сцената ја видовме и комбинацијата под капутот - широко црно здолниште со тул одоздола и едноставна црна ролка.

Со својот уникатен стил, со рок елементи, Дајан уште еднаш покажа дека зад нејзината уникатност се крие став и изразена личност.

Објавено:
23 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.140 пати