Стилски двобој: Макарена Гарсија или Дарби Стенчфилд?

11 август 2014

Макарена Гарсија се појави во зелениот долг фустан со цветни апликации на струкот и ракавите од Алберта Ферети од пролетно – летната колекција за 2014 година за време на филмскиот фестивал Малага. Изгледот го надополни со впечатливи обетки во портокалова нијанса кои одлично се вклопија со изборот на креацијата.

„Скандалозната“ ѕвезда Дерби Стенчфилд ја носеше истата креација неколку месеци подоцна на официјална вечера во Белата куќа. Иако изгледот не го надополни со впечатливи обетки, сепак нејзините црвени прамени и виткана коса беа доволен аксесоар за убав и елегантен изглед.

Според вас, која од двете дами изгледа поубаво во креацијата од Алберта Ферети?

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Стилски двобој