Вторник во здолниште со принт и црвен џемпер
•
8 март 2022
Добро утро! Вторникот го боиме во црвени нијанси. Денешниот предлог е плисирано здолниште со цветен принт.
Искомбинирано е со црвен џемпер, кој внесува свежина и динамичност во стајлингот. Чизмите се со принт, во темноцрвена нијанса.
Стајлингот е заокружен со чанта во виолетова нијанса и очила за сонце.
На нашите читателки им посакуваме Среќен Ден на жената! Останете храбри, истрајни и да си бидеме поддршка едни на други во борбата за рамноправно утре!