10 намирници што можат да заменат две чаши вода дневно

9 март 2017

Осум чаши вода дневно е правилото што веројатно нема кој не го знае, но ретко кој го практикува. Постојат луѓе на кои тоа количество вода им е невозможна мисија, но затоа нутриционистите посочија на намирници што можат да ни заменат внес на две чаши вода на ден.

Со оглед на тоа дека доаѓа и сезоната на свежи салати, веруваме дека оваа информација ќе ви користи.

А во продолжение еве ја и листата:

 

Зелена салата

Содржи вода: 95.6%

Нутриционистите често зелената салата ја бришат од пописот на посакуван зеленчук, затоа што е нутритивно сиромашна. Но, кога е во прашање водата, таа е една од најголемите „складишта“ на течност. Освен во салата, може да се користи во комбинација со сирење, пилешко или хумус, со што ќе ја намалите и потребата за консумирање леб.

 

Листови целер

Содржи вода: 95.4%

Целерот има многу малку калории, но неговите влакна и вода помагаат при контролирање на чувството на глад. Целерот содржи витамини А, Ц и К, а благодарение на високото количество вода, ја неутрализира желудочната киселина и често се препорачува како природно средство против „киселина“ и „горушица“.

 

Домати

Содржи вода: 94.5%

Парчињата домати со малку сирење се идеална комбинација за меѓуоброк, но како дел од главен оброк, уште повеќе има корист за телото. Доматите во својот состав содржат речиси 95 проценти вода, поради што експресно го хидратизираат телото.


Зелена пиперка

Содржи вода: 93.9%

Пиперките во било која боја содржат високо ниво вода, но зелените ги произведуваат, додека жолтите и црвените имаат нешто помалку вода (околу 92%). Пиперките се совршена „грицка“ пред вечера или во текот на денот кога ќе ве фати желба за некаква „храна“.

 

Карфиол

Содржи вода: 92.1%

Густите „цветови“ на карфиолот освен што содржат многу вода, изобилуваат и со витамини и фитонутриенти, кои го намалуваат холестролот. Карфиолот е најдобро да се консумира свеж, а најлесно е да го додадете во сендвич или салата. Ако пак преферирате зготвен, тогаш е најдобро да го омекнете на пареа, бидејќи така ќе се сочуваат сите витамини.

 

Спанаќ

Содржи вода: 91.4%

Спанаќот е богат со калиум, влакна и фолат, кој го освежува мозокот, а само една чаша свежи листови содржи 15 % од дневната потреба на витаминот Е. Додавањето на листови спанаќ во салата или во сендвич, дава одлична хидратација во комбинација со додаток на нутритивни вредности.

 

Краставици

Содржи вода: 96.7%

Краставиците содржат најмногу вода од сите други, тврди намирници, што го прави совршен за грицкање и додаток во речиси сите јадења. Ако сакате да ја зголемите силата и хидратизацијата уште повеќе, краставиците помешајте ги со немасен јогурт или нане.

 

Брокула

Содржи вода: 90.7 %

Брокулата изобилува со влакна, калиум, витамин А и Ц, а содржи и сулфорафан – состојка која ги зголемува телесните природни ензими и ги исфрлува токсините од телото. Ја нарекуваат и детоксикациско чудо, па освен што го хидрира телото, истовремено и го чисти од нечистотии.

 

Греjпфрут

Содржи вода: 90.5 %

Ова овошје помага во намалувањето на холестеролот и обимот на половината. Истражувањата покажале дека еден грејпфрут го намалува холестеролот за дури 15% на дневно ниво. Пола грејпфрут пред секој оброк, влијае на губење 1.5 килограми во тек на 12 –неделна диета. Ги согорува маснотиите и го регулира шеќерот во крв, со што е одличен сојузник во борба со килограмите.

 

Млад морков

Содржи вода: 90.4 %

Младиор морков содржи дупло повеќе вода отколку кога ќе дојде во последната фаза на растење. Исечкан на крукчиња и послужен со здрав намаз како хумус, може да биде идеална ужина. Освен тоа, нутриционистите препорачуваат да се консумира и после оброкот, за да се намали потребата за непотребно прејадување. 

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.290 пати