На секој од нас, во текот на денот му доаѓа силна желба за нешто слатко, па најчесто посегнуваме по чоколади, но од денеска тоа ќе се промени.
Ви предлагаме еден супер лесен рецепт за чоколадни енергетски бомбици што можете да си ги направите дома и да бидат супер ужина за на работа.
Овие слатки колачиња ќе ви дадат доволно енергија за да продолжите со работниот ден, а ќе ви го заштедат и времето поминато низ продавниците барајќи енергетски чоколадни плочки полни шеќери.
Истите ќе ги направите дома за само десет минути и ќе можете да изедете колку сакате без грижа на совест.
Потребно:
200 гр.бадеми
200 гр.индиски ореви
150 гр.урми
30 гр.чиа семе
Четири лажици какао
Две лажици агаве сируп
Подготовка:
Во блендер измешајте ги бадемите и индиските ореви, додајте ги урмите и останатите состојки и мешајте додека смесата не се соедини. Обликувајте во топчиња и украсете ги по желба со кокос, рендано чоколадо, мелени ореви и сè што ќе посакате.
Инфо: modamo.info/sirovahrana.hr
Фото: Pinterest