Викенд рецепт: Здрава торта без јајца, глутен и печење

2 април 2022

За овој викенд пронајдовме рецепт кој е благ, а воедно и здрав. Се работи за сирова торба без глутен и печење, која може да ја направат дури и оние што не се премногу вешти во кујна.

Воедно, време на пости е, па совршено ќе се вклопи и во такво мени, бидејќи нема јајца и млечни производи.

Рецептот го најдовме на блогот „По мој вкус“, а во продолжение ви го презентираме.

Уживајте!

 

За базата ќе ви биде потребно:
- 70гр ореви
- 70 гр бадеми
- 40гр овесни снегулки
-160 гр урми (исчистени од лушпи и семки)
- 30гр кокосово млеко (или друго)
- 2 лажички какао
Во фуд процесор сомелете се заедно освен млекото од кое ќе додавате постепено додека да добиете малку леплива смеса. Натапкајте ја вака подготвената база во калапчето за торта и складирајте во замрзнувач додека го подготвувате филот.

За целиот фил заедно (кафениот и белиот) ви е потребно:
- 400гр индиски ореви (покиснати во вода барем 4 часа пред употреба)
- 120гр кокосово млеко од конзерва (само густото - кремот)
- 1 банана
- сок од 1/2 лимон
- 80 гр кокосово масло
- 3 лажици агаве сируп
- прстохфат химелајска сол
Индиските ореви исплакнете ги од водата во која киснеле, и ставете ги сите состојки освен кокосовото масло, во фуд процесор. Блендирајте додека не добиете кремаста структура. На крајот додадете го и маслото.
Овој фил поделете го на 2 дела.
Во 2/3 од филот, додадете
- 100гр растопено црно чоколадо.
Може и повеќе по вкус. Измешајте и нанесете го филот врз базата. Повторно вратете во замрзнувач.

За измеѓу двата фила: 
- 150гр замрзнато шумско овошје
- 4 лажици агаве или др засладувач 
- 1 лажица екстракт од ванила
Сето тоа ставете го во тава на оган, додека да не почне да се згуснува/ карамелизира овошјето. Оставете да се олади и додадете го врз чоколадниот фил. Повторно вратете во замрзнувач.

Во делот кој го оставивте (1/3 од филот) додадете
+ 1 лажица екстракт од ванила и по потреба засладувач. Јас дополнително засладувач не додадов во овој дел.
Нанесете го ова како завршен слој на тортата и оставете да преноќи во замрзнувач.
Пред сервирање декорирајте со свежо шумско овошје и уживајте во секое залче.

Објавено:
2 април 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.394 пати