Викенд рецепт: Здрави корпички без печење

29 мај 2021

И оваа сабота за вас имаме нов предлог за викенд рецепт.

Идејата овој пат доаѓа од блогот „Мои рецепти“, а се работи за здрави корпички без печење.

Одличен избор за оние што префеираат здрав, а сепак вкусен оброк.

 

Состојки:

За корпички
100 гр Урми
150 гр Суви сливи
150 гр Суви кајсии
100 гр Мелени ореви

За фил
400 мл Вода
2 лажици Густин
20 гр Засладувач или стевија
50 гр Кокос

Подготовка:

За корпички:
1. Урми, суви сливи и суви кајсии измелете, додајте мелени ореви и замесете ја смесата. Формите во кои ке ги формирате корпичките премачкајте ги малку со масло.

2. Со натопени раце направете топчиња. Секое топче ставете го во калап за корпички, и убаво распределете го тестото со раце. Оставете во фрижидер да се стегнат малку,може и во замрзнувач.
Додека чекате направете фил.

3. Ставете 300 мл вода да зоврие. Во останатите 100 мл, ставете кокос, густин, засладувач и рендана кора од лимон. Промешајте. Во зовриената вода истурете ја смесата и мешајте додека не згусне. Оставете да истине.

4. Корпичките наполнете ги со фил и украсете со парче лимон и овошје по желба.

На здравје!

Објавено:
29 мај 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
356 пати