Посегнуваме по кафето и забораваме дека појадокот е најважниот оброк во денот. Кафето не може да го замени појадокот, ниту кога е во прашање енергијата, а кога нема да појадувате, ризикувате да сте мрзоволни и нервозни во текот на целиот ден, а уморот полесно ве совладува.
Појадокот влијае врз метаболизмот и слабеењето и е една здрава животна навика која треба да почнете да ја практикувате уште денес.
Без многу да должиме, во прилог убаво спакуван, избалансиран предлог за појадок.
Потребни состојки:
1 јогурт - 1 јаболка сечкана на коцки - 1 лажица мед - 50 гр сечкани бадеми - пола лажичка цимет - 30 капки прополис - 3 лажици овесни снегулки и суво или свежо овошје по избор.
Подготовка
Јаболките гответе ги додека не омекнат, а потоа од нив направете каша во блендер.
Во вода на оган додадете ги овесните снегулки за да направите хомогена смеса со постојано мешање.
На пирето од јаболки и овесот, додадете ги бадемите, циметот, прополис и мед.
На крајот додадете го сечканото суво или свежо овошје и појадокот е подготвен.