Дали сте за еден сладолед од карфиол?

18 април 2024

Кога зборуваме за сладолед помислуваме на чоколаден, овошен, ванила, лешник...

Сепак две дами Џени Матесон и Мринали Кумар ги поместија границите за ова слатко задоволство креирајќи сладолед од карфиол.

Да, карфиол. Нивната првична идеја била да создадат нешто што ќе придонесе за подобра иднина и заштита на околината.

Така се раѓа брендот EatKinda со седиште во Нов Зеланд, којшто користи карфиол како основна состојка за сладолед.

Овој производ не содржи млеко, глутен, соја ниту пак јаткасти плодови.

Тие го земаат оној карфиол којшто поради својата несоодветна големина и форма останувал неоткупен од страна на маркетите.

Карфиолот има бројни здравствени придобивки, богат е со витамини, протеини, помага за зајакнување на имунитетот, а го намалува и крвниот притисок.

Засега брендот има развиено три вкуса - Double Chocolate, Mint Choc Bikkie и Strawberry Swirl.

Единствена мана на сладоледот е што го има само во Нов Зеланд.

Објавено:
18 април 2024
Категорија: 
Вкусно