Направете си шпагети по рецепт на Одри Хепберн

21 јули 2022

Филмската дива и модна икона, Одри Хепберн била голем вљубеник во кујната. Обожувала да готви.
Интересно за нејзиниот стил на готвење е тоа што секогаш внимавала трпезата да биде богата со бои. На пример кога го послужувала печеното месо, задолжително комбинирала пченка и зеленчук во зелена и портокалова или црвена боја.

Нејзината љубов кон готвењето ја овековечил нејзиниот син Лука Доти, кој во чест на Одри пред неколку години ја издал нејзината книга со рецепти, куварот „Audrey at Home".

Нејзиниот начин на готвење тој го споредил со препознатливоста на нејзиниот вонвременски имиџ.
„Во текот на годините, таа носеше ремек дела на Валентино и Живанши, а после тоа обожуваше да облече патики и обична маичка. Такво беше и нејзиното готвење. Задржуваше можеби 10% тешки, комплицирани рецепти кои ги собираше во 50-те, а остатокот на дневна база ги собираше од пријатели и туѓи искуства. Никогаш не се трудеше да импресионира", пренесува Bon Appetit.

Еден од нејзините омилени рецепти бил шпагети со сос од домати, „Spaghetti al Pomodoro".
Па ова нека ви биде една идеја плус, што следно да зготвите, а во стилот на Одри Хепберн.

Потребни состојки:

1 мал кромид
2 чешниња лук
2 моркови
2 стебленца целер
2 лименки сечкани домати
1 китка свеж босилек, поделен на 2 еднакви дела
3-5 лажици маслиново масло
1 кутија шпагети
Свежо рендан пармезан
Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Излупете ги и исечкајте ги кромидот, морковот, лукот и целерот. Ставете во тенџере, додадете 2 конзерви сечкани домати и половина од подготвениот босилек. Додадете го маслиновото масло и оставете да се крчка на тивок оган 45 минути. Кога ќе се свари оставете да отстои 15 минути. За тоа време сварете ги шпагетите, па послужете ги со рендан пармезан и другата половина од босилекот.


Bon Apettit!

Фото: Пинтерест

Објавено:
21 јули 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
504 пати