Ако сакате нешто брзо и вкусно, одлично предјадење или мезе за со пиво, ние имаме еден супер предлог - плескавици од компир и младо лукче.
Потребни состојки: 2 компира со средна големина, 1 младо лукче, 2 лажици скроб од компир, 2 лажици безглутенско брашно, 1 авокадо, 1/2 лажичка маслиново масло, 1 лажица јаболков оцет, сол, бибер
Постапка:
-Излупете го компирот и изрендајте крупно. Додајте студена вода и исперете го убаво. Потоа исцедете го со рацете и ставете во цврст сад.
-Исечкајте го младото лукче и додајте во садот со компирот.
-Додајте 1 јајце, сол и брашно. (ако постите јајцето заменете го со 2 лажици пченкарен скроб, или лебни трошки или пире од компир) и добро промешајте. Треба да добиете смеса која е лесно леплива и која држи облик кога ќе ја притиснете.
-Обликувајте шест плескавици со еднаква големина.
-Во тава ставете малку масло, колку да го покрие дното и ставете ги плескавиците. Притиснете ги малку одозгора за да имаат порамен облик.
-Печете на средно силен оган, додека не добијат златна нијанса од двете страни.
-Извадете ги и иставете ги на хартија за да може да го впие вишокот масло.
-Во меѓувреме, во еден сад додајте авокадо и со вилушка изгмечете го. Додајте маслиново масло, оцет, сол и бибер и добро измешајте. Овој сос ќе биде супер додаток на плескавиците кои се идеални за јадење кога се млаки.
Добар апетит!