Ако ви здодеа постојано да барате рецепти за совршени мафини, денеска со сигурност ви тврдиме дека потрагата е завршена.
Пробавме еден супер рецепт поради кој мафините никогаш не изгледале подобро, без разлика дали сакате да направите солени или пак благи.
Денеска ви ги презентираме овие солени мафини со сирење, но не значи дека не можете да ги направите и со боровинки, малини или пак некое друго овошје по избор.
Рецептот е преземен од страната moirecepti.mk, а истиот е и повеќе од проверен, па ние ви гарантираме дека нема да погрешите доколку ги направите уште денеска. Целокупното време што ви е потребно за подготовка и печење е околу половина час, па тоа ги прави совршени за брз појадок или вечера.
Потребно:
Едно јајце
Една чашка (250 мл) кисело млеко или јогурт (ние користиме јогурт)
Половина чашка зејтин
Две чашки брашни
Едно пециво
Сирење, спанаќ или некое овошје по желба
Подготовка:
Добро изматете го јајцето, по што ќе ги додадете течните состојки и на крај пецивото и брашното. За тоа време, вклучете ја рерната на 200 степени за да се загрее, а подоцна ќе намалите на 180 или помалку. Намачкајте ги калапите за мафини со путер или пак ставете хартиени корпи, наполнете ги до горе и украсете со сусам. Печете ги не повеќе од 20 – тина минути и уживајте во најмеките и највкусни мафини што сте ги пробале.