Супер идеја: Ледени коцки со цвеќе или овошје за освежителните пијалоци да бидат атрактивни и за око

21 јуни 2022

Лето, сонце, плажа, опуштени седенки во природа... На оваа низа од летни задоволства ѝ недостига уште еден перфектен момент – уживање со освежителен коктел.

Ќе речете во ред, тука завршуваме со набројување и останува само да го уживаме моментот. Но, постои уште еден многу едноставен, а многу ефективен сегмент што освежителните летни пијалоци ќе ги направи уште поатрактивни и за око.

Ледени коцки со цвеќе или овошје.

Супер идеја како да ги воодушевите вашите пријатели кога ненадејно ќе ве посетат или едноставно кога сакате да си направите коктел по свој мерак.

Начинот на подготовка е многу едноставен.

Во калап за ледени коцки покрај тоа што ќе ставите вода, ќе додадете и парченца од вашето омилено овошје (јагоди, лимон, боровинки, малини, киви, ананас...) или пак цвеќе или билки (рузмарин, мента, нане, босилек...)

 

Го оставате во фрижидер да замрзне и магичниот трик е подготвен за да додаде малку забава, вкус и мирис на вашиот омилен летен пијалок.

 

Како да го користите?

Варијантите се фантастични. Ледените коцки со цвеќе или овошје може едноставно да ги додадете во чаша вода, лимонада, котел или пак смуди...

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
21 јуни 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
659 пати