Вкусен, освежувачки коктел од ананас и кокос

30 јули 2024

Летото е совршено време да се освежиме со вкусен, релаксирачки коктел.

Денешниот рецепт, којшто го пронајдовме на Инстаграм, има две основни состојки што на многумина им се омилени – ананас и кокос. 

Подготовката не одзема повеќе од пет минути, а еве што ќе ви биде потребно.

• 60 мл. кокосово млеко
• 45мл.сок од ананас
• 30мл.кокосова вода
• 15-30 мл. безалкохолен рум или рум со вкус на кокос
• пет ливчиња свежо нане
• лимета
• две супени лажици исецкан ананас
• две супени лажици засладувач по вкус
• минерална вода со вкус на лимета

Подготовка

Во шејкер за коктели ставете две супени лажици исецкан ананас, парчиња лимети и листови нане.

После тоа додадете ги сите останати состојки освен минералната вода со вкус на лимета. Протресете го шејкерот 20/30 секунди.

Откако ќе го сипете коктелот во претходно наполнети чаши со мраз, додадете ја минералната вода.

По желба чашите украсете со парче ананас.

Објавено:
30 јули 2024
Категорија: 
Вкусно