Време е за нешто благо: Тирамису со ананас

16 септември 2020

Ако ве фати криза за благо и се мислите што би можеле да се почестите кога ќе стасате дома, ние имаме еден вкусен и брз рецепт за вас.

Инспирацијата ја најдовме на профилот @kitchen4.me, а во продолжение ви го презентираме целиот рецепт:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kitchen4.Me (@kitchen4.me) onSep 4, 2020 at 12:58am PDT

Потребни состојки (за 5 чаши):

-3 јајца
- 100 грама пишкоти
- 250 грама маскарпоне
- 100 грама шеќер
- Конзервиран ананас
- 1 лажичка рум
- какао за посипување

Подготовка:
-Се двојат жолчките од белките.

-Со 50 грама шеќер се матат жолчките на пареа.

-Откако ќе се изматат и оладат жолчките се додава маскарпоне, сето ова се мати да се изедначи.

-Во друг сад се матат белките со останатите 50 грама шеќер, се додека не се добие цврста смеса.

-Вака изматените белки постепено се додаваат во жолчките и маскарпонето и постепено се меша.

-Пишкотите се потопуваат во течноста од ананасот со 1 лажичка рум. Ананасот се сече на коцки.

-Во чашата прво се става кремот, врз него се ставаат пишкотите потоа сецканиот ананас и повторно филот.

-Постапката се повторува додека се наполни чашата .На крај се наросува со какао. Се декорира по желба.

 

Објавено:
16 септември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
413 пати