ДНЕВНИК Илиjа Илов: Како дивјаштвото ги зачна џентлменските манири?

10 јануари 2014

[quote by="„Освојувачи“, Десанка Максимовиќ; слободен препев: Илија Илов"]
Кога тие убиваa - јунаштво е,
а кога ние својот живот го браниме - дивјаштво и срамота.
[/quote]

Ако веќе оперираме со значењето, врз полето на џентлмен, неблагодарно е да не се започне од зачетокот. А зачетокот е во почетокот на мислата. Словото беше на почетокот, а пред словото светот зачна со слика (дали зачнатата слика ќе ја разгледуваме како Големиот бум, човеколикиот мајмун или врз некоја друга религиска оставаштина, воопшто нема да се наруши почетокот на нештата отелотворени во значењето, односно сликата).

Како изгледаше сликата за словото? Денес словото е синегдотска назнака за „нештото“ и се’ уште по интернет пребарувачите достапни за бројните општествени чула и материјално-импотентени вдахоотелотвори, не може да се скицира сликата и со неа да се објасни словото. Каде отидовме и до каде треба да се вратиме?

Ако англискиот јазик е лингва франка, односно јазик што наоѓа систематска примена кај општењето помеѓу луѓе од различни јазични подрачја, особено кога тој јазик е различен од матичниот на говорениците. Тогаш и синтагмата џентлмен си го зазема своето место во овој лингва франка како разлеана јазична форма со своја транскрипција во дадени јазици, но со исто-изворно значење. Нема да дискутирам, околу тоа кој на пиедестал го донесе англискиот како службен световен јазик, јас ќе го разгледувам џентлмен како веќе изграден, вдомена значенска синтагма.Нема да ме интересира ниту настанокот на јазиците, а најмалку ќе го разгледуваме настанокот на англискиот јазик и неговиот развиток. Кога сите јазици во светот беа само сликовна промисла, ме скокотка тоа, како се долови значењето на нештата, бидејќи првично ме интересира имаголошка перспектив на нештата, односно imago на значењето, т.е. сликата.

Ако коренската форма на именката е Gent и доаѓа од англсикиот јазик со значење џентлмен, во корист кон дообјаснување за нештата, играат улога и изведените зборови од него како Gentеel- префинет, отмен; и Gentle- благороден, отмен, љубезен.

Според оваа горе-потцртано изведување на именката Gent, ние пред сѐ отвараме нови видици за кои треба да бараме соодветно решение.

На нашиот диоптер во цилиндарот мораме да изградиме слика за џентлмен, а таму ќе ја сместиме неговата главна функција на:чинот на потчинетиот во општеството.

Суштината и силината на зборот џентлмен, отелотворен во суштество со дахот на значењето, врз таа форма мораме да принесеме светлина и на тој начин да можеме да извршиме обдукција на поимот и да ги видиме причините за неговиот зачеток и неговата ферментација, како слика, а потоа како значенска форма.

Да го земеме џентлмен како непознат поим за првичното општество и неговите денешни карактеристики, ги искористиме за да ја опишеме првичната слика:отмен, префинет, благороден, љубезен, чесен и човек со карактер.

Дали сликата на нештата се составен дел на мртвата природа?

Во оваа играрија на значенските форми за џентлмен, ја бараме првичната слика и ги мешаме: моралот и неговиот развиток, далеку од втемелувањетона моралот во деветнаесети век како дисциплина за проучување.

 

Значенската форма, на џентлмен во времеплов

Праисторија

Во времето на дивијаштво и варварство, првобитноста на значењето на поимот џентлмен ќе ја осемени самиот варварин. Првата групација на единките, ако ја препишеме како емпириска, подложна на искуствата, во тие мали родови кланови,  главатарот е најстариот член, кој треба да се закити со сите ордени на признак и светлина која треба да се следи. Штом неговите манири се подложни на имитација, негова е општествената функција на џентлмен.

Иако компаративно денес џентлмен е составно-значенска форма која игра со манири, како уметнички оптикум на начинот на живот и екслплоатација, тогаш првичината значенска форма на џентлмен е борбата со преживувачкиот инстинкт, односно борбата за живот.

Брусењето на значенската форма на џентлмен се врши низ векови и настанало од првичниот „дивјачки“- главатaр кој воглавно е тој кој ќе го пронајде и создаде начинот на лов и начинот на исхрана.

Дали во праисторијата можам да зборувам за првото зачнување на модата?

Модата денес е креација за лично гледање на општественото испливување, но таа често во нејзините корени бара потрага по егзистанционалната содржина или зависи од истата. Во праисторијата, модата била заштита и се наследила од имитирањето на природата. Главатaрот, сигурно, првично му сметале неговите гениталии при ловот па се обидел да ги покрие, нормално оваа функција треба да биде разгледувана и како топонимиска, а и како хомео функција. Бидејќи пред се’ модата е зачната како заштитна функција!

 

Автор: Илија Илов

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Стил