Со слоганот „Дај ми го мојот Алдо“, брендот за чевли Алдо ја лансираше својата најнова  кампања за претстојната есен-зима 2013/14.

„Ова сезона сакавме да се вратиме на основата и класиката, а минимализмот е водечкиот мотив во кампањата. Сакавме производот да зборува сам за себе, па затоа и го ставивме во преден план, каде што, впрочем и припаѓа“, вели Даглас Бенсадоун креативниот директор и потпретседател за маркетинг на брендот Алдо.

 

 

Низ приказната исткаена од црвено, црни и бели нишки не водат Лили Доналдсон, Џордан Дан, Џесика Стам, Минг Кси, Анаис Полиот, Флоријан Ван Баел и Матијас Лоридсен додека  мозаикот од фотографии го спои Тери Ричардсон. Погледнете ги одличните класични модели на обувки за наредната сезона:

 

Објавено:
23 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци