За љубителите на додатоците секогаш важи правилото: „Колку повеќе, толку подобро“. Оваа есен накитот е мошне раскошен, гламурозен, масивен и со задолжителен префикс : многу!... но комбинирано со вкус.  Денес сакаме да се фокусираме на еден интересен тренд. Дузина алки во комбинација со часовник, но само на едната рака. Ова е мошне ефектна комбинација која знае да го долови мигот, а ако на тоа додадеме и дека стана дел од секојдневниот стил на модните блогерки, ѕвездите и трендсетерките, можеме слободно да констатираме дека оваа тенденција полека но сигурно го освојува врвот.

 

 

Меѓу дизајнерите како дел од својата нова колекција за есен-зима 2013/14 американскиот дизајнер Мајкл Корс часовникот со многу алки го искористи како последен моден предизвик.

 

 

 

 

 

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци