Баракуда ја има најмоќната колекција обувки за оваа сезона

23 септември 2014

Брендот Баракуда е дел од големото семејство за изработка на чевли, Фаби, што  неодамна ја лансираше својата нова женска колекција обувки за чиј  едиторијал главна улога има девојката која е олицетворение на вистински бунтовник и авантурист. На тој начин компанијата успеа да го сврти вниманието на пошироката јавност и медиумите.

Имено, брендот Баракуда, му се приклучи на тимот на италијанската етикета за изработка на чевли Фаби пред точно десет години. Со новата фотосесија Баракуда успеа да ги освои и фасцинира и најприбирливите дами.

Линијата за актуелната студена сезона вклучува модели на чизми и чевли кои се спој на инвентивна игра на бои, материјали и дизајни за сигурен, урбан и трендовски чекор. Чевлите имаат андрогена линија и потсетуваат на популарните машки „оксфордки“,  но овој пат исчистени и надополнети со  женствен изглед. Она што можеби најмногу ќе ве плени на прв поглед се моделите на патики во свежи и впечатливи тонови кои се издвојуваат од класичните модели не само со високиот ѓон, туку и по необичниот спој на текстури и материјали. Дизајнот на чизмите е целосно во моториџиски стил, моќен и неверојатно модерен.

 

 

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци