Правилата се создадени за да се скршат, а токму за тоа сведочат и трендовите за накит. Некогаш беше незамисливо истовремено да се носи и сребрена и златна нијанса на накит. Денес, повеќето од моделите на ѓердани, обетки, алки се изработуваат токму во спој од двете сјајни нијанси. Сепак, постојат моменти кога треба да се насочите само кон комбинирање на една боја, бидејќи одредени комбинации не дозволуваат мешање на тонови.
За дневни комбинации металик боите на накит се комбинираат со сите актуелни нијанси како неон, сина, виолетова, но добитна комбинација каде накитот доаѓа во преден план секогаш е преку целосно монохроматските стајлинзи од црна или бела комбинација на парчиња облека. Да заклучиме: до пред неколку години беше грешно да се носи чанта и чевли во различна боја, баш како што беше незамисливо да се мешаат златен и сребрен накит. Затоа, не се двоумете и пробајте да споите неколку различни нијанси на аксесоари од вашата колекција накит.