Највисокото ниво од ефектот на секој изглед го создаваат деталите.  Во повеќето случаи парчињата облека како целина, најчесто доаѓаат во секундарна положба, но кога истите ги красат специфични детали. Под  детали не се подразбираат само аксесоарите, туку и текстурата, материјалите и боите.  Во продолжение посочуваме токму такви стајлинзи, чија специфика е импактот од малите детали.

Не случајно за прво го посочуваме крзното. Со доаѓањето на студената сезона продавниците  преплавија со инстантна понудат на универзално обожаваните крзнени елеци. Може да се најдат во различни варијанти од природно и еко-крзно како и  во  варијации од бои. Доколку сè уште не сте се подновиле со  крзнен елек, а преку изборот на модел сакате да се издвоите од толпата, Ви предлагаме да се одлучите за таков со долго крзно. Понудата на комерцијалните етикети вклучува најмногу модели со кратко влакно, токму затоа потрудете се да го пронајдете спротивното. Ефектот кој го создава е сосема поразличен. Доаѓа во преден план и изгледа уникатно.

За светкавите текстури најчесто се одлучуваат похрабрите што не се плашат ваквите сјајни парчиња да ги комбинираат и од дневните стајлинзи. Не чекајте да дојдат свечености или предновогодишни празници за да облечете некое од металик парчињата во вашиот гардеробер. Покажете ја Вашата модна смелост и самоувереност, комбинирајќи ги во урбан-шик стајлинг.

До пред извесен период модна грешка беше заедно да се комбинира сребрено и златно. Овој моден стереотип веќе не важи. Спојот на контрастните мателик нијанси ќе биде заслужен за клучниот импакт на вашиот изглед. Не двоумете сè да ги комплетирате во пар, бидејќи нивната впечатливот содржи моќ да ги привлечете погледите, но и комплиментите од останатите.

Иглата која служи за привремено прикрепување на облеката во замена на копче, е идеалниот додаток што е како создаден за смелите бунтовнички. Ако сте љубителки на рокерскиот имиџ, тогаш најдете им поголема примена на безопасните што стојат низ фиоките. Тие се толку обични, а може да дејствуваат како детаљ со голема улога. Аплицирајте ги на омилената мото-јакна, фармерки,чанти.. Само интензивирајте ја сопствената креативност и употребете ги на најсоодветното парче.

Светските дизајнери и брендови од последните презентации на пистите низ модните метрополи поставија строго правило. Истото гласи дека почнувајќи од тековната сезона па се до наредното лето треба да бидете сигурни дека ресите како детали ќе ја имаат водечката улога од понудата. Тие ќе го направат Вашиот стајлинг забавен, разигран и полн со младешки шарм. Независно дали ресите ќе се најдат на аксесоари или облека, нивната функција секако ќе игра голема улога.

Можеби повеќето од предлозите како засебни парчиња веќе ги поседувате, затоа пробајте секојдневието да го направите позабавно токму со тоа што на деталите ќе им го препуштите да Ве водат.

 

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци