Богат колорит насликан на новата линија еко-чанти од Вивиен Вествуд

22 јануари 2014

Британската дизајнерка Вивиен Вествуд е препознатлива по колоритната игра и неконвенционалниот пристап во визуелизацијата на својот внатрешен свет. Ова не беше исклучено и во создавањето на нејзината нова линија еко-чанти во соработка со Ethical Africa. Имајќи предвид дека Вествуд е промотор на етиката во модната индустрија, во изработката на чантите се користени рециклирани еко-материјали, како и неискористени отпадоци од кожа.

Линијата која е наменета и за двата пола ќе се продава онлајн на Asos.com почнувајќи од 24 јануари (петок) со стартна прифатлива цена од 58 фунти.

 

 

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци