Беше само прашање на време кога внуката на познатата дизајнерка Вивиен Вествуд ќе стане модел.Пред само неколку дена 16 годишната Кора Кор го имаше своето прво фотографирање за насловната страна на магазинот „LOVE“.
Нејзини родители се Серена Рис и Џо Кор кои се основачи на брендот за долна облека „Agent Provocateur“ , нејзина баба е Вествуд, додека дедо и е Малком Мекларен, па оттука е се јасно како тинејџерката Кора почна да чекори кон модниот бизнис. За нејзината прва насловна страна Кора на себе ја има новата линија на шминка од Марк Џејкобс која воедно и ја рекламира. Инаку, уредничката на списанието е Кејти Гранд која е блиска пријателна на семејството. Со ова веќе се најавува дека Кора Кор допрва ќе се појавува и прославува како модел.