Внуката на Вивиен Вествуд стана модел

26 јули 2014

Изминатиов период пишувавме за славните татковци и нивните синови кои се подготвуваат да остварат успешни кариери како модели. Денеска пак, ќе ви откриеме еден поинаков генетски код во модата, врската баба-внука. Станува збор за внуката на британската авангардна дизајнерка Вивиен Вествуд, Кора Кор која што неодамна склучи договор со модната агенција Next Models од Лондон.

Кора е ќерка на основачите на брендот Agent Provocateur Серена Рис и Џо Кор и внука на модната дизајнерка Вивиен Вествуд. Очигледно е дека славата која ја уживаше Кора не и беше доволна, па реши да стане професионален модел. И покрај тоа што има само 17 години, Кора учествуваше на модните шоу на Вествуд и Жил, а исто така позираше во едиторијали за магазините Purple и W Magazine. Со потпишувањето на договорот за модната агенција Next Models од Лондон , младата наследничка започнува нова фаза во својот живот.

„Кора поседува неверојатно моќен природен шарм, има одличен сенс за стил и знае како функционира британската мода. Без сомнение, оваа девојка има потенцијал да стане вистинска ѕвезда, а нам ни преостанува само да и посакаме среќа“, изјави Аманда Бретертон, директорка на модната агенција.

Објавено:
26 јули 2014
Категорија: 
Сцена