Брендот Reformation ја претстави својата прва линија на чанти

26 април 2023

Калифорнискиот бренд Reformation во последните неколку години стана прилично популарен, а тоа се должи на едноставноста, практичноста и секако кул дизајните.

Откако во 2021-ва ја претставија својата прва линија на чевли, фановите разбирливо, ги очекуваа и чантите.

Можеби поминаа две години, но сепак вредеше. Нивната прва колекција на чанти воопшто не разочара. Разновидни и со функционални стилови, чантите со потпис на Reformation се погодни за секој ден и секоја сезона.

Ги има во три основни облици Chiara практична чанта со средна големина, Rosetta е мини верзија додека Vittoria е во стилот на познатиот "тоте" модел.

Доаѓаат во неколку различни бои, а цените се движат од 248 до 698 долари.

Според извршната директорка на брендот Хали Боренштајн чантите се наменети за дамите кои се во постојано движење.

 Фото: Instagram

Објавено:
26 април 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
562 пати