Чантите на Хермес се толку скапи, што ниту Холивуд не може да си ги дозволи!

8 ноември 2013

И официјално е потврдено: Чантите на луксузниот бренд Хермес се толку скапи, што ниту Холивуд не може да си ги дозволи!

Биркин чантата на Хермес што актерката Кејт Бланшет ја носеше во филмот на Вуди Ален „Blue Jasmine“, чини повеќе од целиот буџет за костими на филмот... плус уште неколку долари.

Сцена од филмот Blue Jasmine

Бланшет и Вуди Ален неодамна разговараа токму за оваа чанта во интервјуто за Харпер Базар , објаснувајќи дека истата морале да ја позајмат од личниот плакар на дизајнерот на костимите за филмот.

Дизајнерката на костимите за филмот Сузи Бенсингер, добила дури 35.000 долари за секој костим што го создала за актерите од филмот.

„Листата на чекање на Биркин чантите на Хермес е толку долга, што може да остарите чекајќи ја“, вели Бланшет.

Актерката објаснува дека се чувствувала многу лошо бидејќи знаела дека чантата чини многу, а таа морала да ја расфрлува низ улиците каде бил сниман филмот.

Погледнете кои холивудски ѕвезди може да си ја дозволат оваа чанта чија почетна цена е 30.000 долари, а може да достигне и до 11.000 долари, секако тука не говориме за имитациите на истата!

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци