Кејт Бланшет е најскапо облечената ѕвезда

17 март 2014

Актерката Кејт Бланшет за улогата во филмот на Вуду Ален, „Blue Jasmine“ освен што доби Оскар, сега е прогласена и за најскапо облечена актерка на гламурозната церемонија според  Вог. Тоалетата и накитот што ги носеше вкупно  чинат неверојатни 18, 1 милион долари. Фустанот со потпис на Армани од есенската колекција од минатата година, чини околу 100 илјади долари, а со тоа  Кејт  успеа да дојде до титула за најскапо облечена ѕвезда. Таа на себе носеше впечатливи обетки од „Chopard“, бред од кој славните најчесто изнајмуваат накит за прилики како што е Оскар.

 

Исто така нејзината рака ја красеше нараквица и дијамантски прстен. Шарлиз Терон која оваа година не беше номинирана, е на второто место по екстраваганција кога се во прашање облека и накит. Се што имаше на себе на ноќта на Оскарите вреди 15 милиони долари.

 

 

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Сцена