Часовници во вителот на синото пространство
•
21 јули 2014
Велат дека сината е боја на мирот, спокојството, океанските длабочини, морските бранови и небесните облаци. Летото е во полн ек што значи дека синиот тон според претходните асоцијации треба да биде вистински хит и тренд за жешката сезона. За да ви докажеме дека е така избравме десет модели на женски и машки часовници за рака чии стрелки ги откуцуваат минутите во вителот на синото пространство. Кој е вашиот фаворит?