Чевлите со средно-висока потпетица се практичен избор за претстојната пролет

11 јануари 2014

Пролетва одморете ги нозете од премногу високите потпетици и направете практичен избор. Чевлите со средно-висока потпетица се шик, елегантни и женствени, а истовремено и многу поудобни за разлика од екстремно високите.

Филип Лим, DKNY, Сен Лоран, Ралф Лорен, Мајкл Корс се само дел од дизајнерските имиња кои за оваа сезона се одлучија своите колекции да ги комплетираат со чевли кои покрај за вечерни излегувања и неформални забави, ќе може да ги носите и на работа.

Изборот опфаќа прилично радикални модификации: од минимализам во формата и задржување на класичниот изглед на потпетицата до екстремно јаки бои, метални нијанси и додатоци како синџирчиња и нитни.

DKNY DKNY

Pollini Pollini

Дајан Вон Фустенберг Дајен вон Фустенберг

Едминдо Кастиљо Едминдо Кастиљо

Мајкл Корс Мајкл Корс

Ралф Лорен Ралф Лорен

Сен Лоран Сен Лоран

Филип Лим Филип Лим

Објавено:
11 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци