Фустани на преклоп носиме и есенва
•
1 септември 2017
Култот што за фустанот на преклоп го изгради во својата модна империја дизајнерката Дајан вон Фустенберг, последниве неколку модни сезони, повторно е на врвот на актуелните тенденции.
Ова шик парче го носевме цело лето, а исто толку популарно ќе остане и оваа есен.
Ќе го комбинираме со џинс или мото јакни, ќе го носиме врз маички и тенки близу, со чизми до глужд или до колена.
Овој тип на фустан е непогрешен избор и доколку имате некоја есенска свеченост, па не се двоумете да одберете таков со светки или во некоја металик варијанта.
Своја верзија на ова омилено стилско парче понудија голем дел од престижните дизајнерски модни куќи како Сен Лоран, Етро, Мајкл Корс, како и најпознатите „high street" брендови.