Детскиот свет на дизајнерката Олимпија Ле-Тан

23 декември 2013

Дизајнерката Олимпија Ле-Тан, позната по своите колекции на клач-чанти, овој пат инспирацијата за новата линија посветена на новогодишните празници, ја црпи од детската литература и креираше невообичаена презентација на модели.

„Клиентите, мошне емотивно реагираат кога на клач-чантите ќе ја здогледаат својата најдрага книга. Овојпат, се одлучивме за класиците: „Мери Попинс“, „Книга за џунглата“, „Волшебникот од Оз“, „Доктор Дулитл“, и мојата омилена книга „Iam! Says the lamb!“ (Јас сум! Рече јагнето!) од Теодор Ротки. „Просветлувањето“, за да создадам една ваква колекција го добив за време на една посета на малите винтиџ книжарници во Лондон и Њујорк“, изјави Олимпија.

 

 

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци