Познатиот бренд „Џими Чу“ неодамна го прослави својот 20-годишен јубилеј. По тој повод, креативниот директор Сандра Чои, дизајнираше посебна ексклузивна колекција насловена „Мементо“.

-По повод нашата годишнина, дизајнирав лимитирана колекција, која го дефинира стилот на „Џими Чу“. Дваесет модели на чевли и чанти обединети во капсулна колекција го почитуваат нашето наследство – изглед на гламур. Многу од нив се видени во текот на годините на црвениот килим. Изменетиот изглед на чевлите во колекцијата се надеваме дека ќе ги воодушеви и задоволи нашите клиенти и почитувачи во еднаква мера – вели Чои.

За јубилејот е подготвено и видео, кое можете да го видите во продолжение:

Всушност, преку оваа колекција, обединети се почетоците на брендот, каде секој модел е внимателно дизајниран, со безвременски стил и гламур и од друга страна, модерните потреби.

Чевлите и чантите се украсени со Сваровски кристали и рачно шиени бисери. Цената на обувките се движи од 525 до 3.495 евра.

 

Објавено:
6 април 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.469 пати